СЈО обезбедило над 60 илјади нови аудио- снимки од земените дискови од УБК

Пишува: Алсат

Со новиот софтвер на Специјалното Обвинителство, обезбедени се уште 66 илјади нови аудио- снимки од хард-дисковите на Управата за Безбедност и Контраразузнавање . Ова според експертите значи дека СЈО треба да има дополнителен рок за работа. Адвокатот Сузана Јошевска вели дека во сите овие аудио- снимки можат да се кријат нови кривични дела.

Зборувајќи за досегашните опструкции со кои се соочило СЈО, Јошевска во емисијата 360 степени на Алсат истакна дека меѓу другото, Специјалното обвинителство наишло на тешкотии и во наоѓањето вештаци сметководители и стручни лица од областа на ИТ технологијата.

И покрај завршувањето на мандатот на СЈО, правниците сметаат дека со изборот на нова влада, дел од предметите кои произлегуваат од прислушуваните материјали можат да ги истражува Јавното обвинителство. Имено, СЈО до сега анализирало 45% од прислушуваните разговори од над 606 илјада кои ги поседува.

Адријан Керими / Алсат

No comments

Powered by Blogger.