5 величенствени апартмани кои можете да ги изнајмите во Венеција


Со доаѓањето на пролетните денови, повеќето луѓе се одлучуваат за викенд патувања, а Венеција е идеална токму за тоа.

Венеција е град кој воодушевува со својата убавина и раскошност. Она што е можеби најинтересно за овој град е тоа што секогаш наидувате на нешто ново и поинакво.

Такви се и овие величенствени изданија на домови, од кои некои се стари и по неколку века, но се слободни за изнајмување – зошто би престојувале во хотели?

За жал, ваквите апартмани не секогаш се достапни за “обичните смртници”, но никој не Ви забранува барем за момент да “ѕирнете” во нивниот ентериер.

Стилски потполно различни, но сите подеднакво запрепастувачки. Во продолжение, погледнете неколку одлични станови во Венеција, по избор на онлајн списанието The Spaces.

Apartment Residenza F

Оваа раскошна вила датира уште од 16. век, а сместена е во центарот на преубава градина и опкружена на локации на кои неретко се одржуваат разни уметнички фестивали. Целата вила е значајна поради своето историско наследство, на кое укажуваат и парчињата мебел со кои вилата е исполнета. Цената за една ноќ во оваа вила изнесува 20.000 евра за четири лица.







Casa L’Arsenale

Ова е апартман кој е одличен за сите оние кои доаѓаат во посета на венецијанското биенале. Се работи за куќа која е стара преку 500 години, а има дури шест спални соби, три кујни, теретана и кровна тераса, која е совршена за коктели. Во вилата можат да престојуваат 16 лица, а цената е 10.000 евра на ден.







Calle Delle Erbe

Овој стан е оддалечен од градската врева, но доволно близу до сите атрактивности до кои можете едноставно да стигнете. Станот се протега на неверојатни 1000 квадратни метри, а може да се пофали со големата тераса која е одлична за вечерните дружења под ѕвездите. Симпатично и удобно место со нагласен колорит во уредувањето. Сместувањето за четири лица неделно чини 3.650 долари.







Piano Nobile degli Scudi

Станува збор за апартман кој е дел од готска палата од 15. век. Старинскиот антички мебел, но во сочувано и реставрирано издание допринесува за амбиентот на кој никој не останува имун. Свој удел во фасцинантноста на овој апартман има и мермерниот балкон со најубавиот поглед кон градот и прочуениот венецијански канал. Апартманот е наменет за 12 лица, а цената е по договор.







Casa Flora

Резиденција со три спални соби, а типот на сместувањето е нешто помеѓу приватен дом и хотел. Резиденцијата ја сочинуваат неколку јавни простории како и приватни апартмани, во кои секој има свој спа. Сè се наоѓа во зградата San Marco, која датира од 19. век, а зад ова тотално шик уредување стои архитектот Matteo Ghidoni и дизајнерката на ентериер Laura Sari. Мебелот е во потполност рачно изработен, а преноќувањето во овој апартман за двајца изнесува околу 600 евра.





No comments

Powered by Blogger.