Остатоците на "Американската Меди МекКен" драматично пронајдени 5 години откако девојчето мистериозно исчезна од спалната соба

Пишува: Точка

Изабел Селис имала само шест години кога нејзиниот татко пријвил во полиција дека тој ја проверил нејзината соба едно утро, а неа ја немало..

Полицијата во САД потврди дека пронашле остатоци од шестгодишното девојче кое исчезна од својата спална соба. Исчезнувањето на Изабел Селис во 2012-та се најде на меѓународните наслови поради застрашувачката сличност на случајот на Меди МекКен.



Нејзиното семејство во Тусон, Аризона, изјави дека последен пат ја виделе кога ја легнале во кревет во 23:00 во петок навечер. Нејзиниот татко повикал полиција следното утро кога не ја нашол во својата соба.



Речиси пет години полицијата немаше направено никаков напредок во овој случај. Но, на прес-конференцијата минатата ноќ, Крис Магнус потврди дека полицијата открила човечки остатоци во "изолирана" област кои преку ДНК анализа упатуваат на Изабел.



Шефот на полиција, Магнус, не понуди повеќе информации за тоа како полицијата стигнала до остатоците на девојчето, освен тоа дека не било "случајност".

No comments

Powered by Blogger.