5 мистериозни места кои се полоши од Бермудскиот триаголник


Од исчезнување на луѓе до гледање на НЛО и изумрени животни, овие се местата кои многумина со право ги избегнуваат.

Необјасниви настани, мрачни сили или само лоша среќа – ова се дел од мистериозните места на Планетата кои се најдобрите локации за избегнување.

Во продолжение, погледнете ги 5-те места кои предизвикуваат поголема мистерија од славниот Бермудски триаголник.

Планините на суеверието

Планините на суеверието или “Superstition Mountains” се наоѓаат источно од Феникс, во американската Аризона. Таму, околу 1800. година, човек по име Јаков Валтц открил огромен рудник на злато во планините. За тоа и за точната локација дознал само еден човек до неговата смрт. Сепак, никој никогаш не успеал да го пронајде местото за кое тој зборувал, а многумина ги изгубиле животите во потрага. Според легендата, индијанското племе Апачи верува дека тоа не е рудник, туку врата од пеколот, па затоа овие планини по секоја цена се избегнуваат.



Езерото Ангикуни

Во студената 1930. година, село од 2000 жители живеело покрај езерото Ангикуни во Канада. Џо Лабел знаел за постоењето на тоа село и се упатил кон него да бара преноќувалиште, бидејќи луѓето од ова село биле многу гостопримливи. Кога тој пристигнал на местото, останал шокиран – во селото немало никој. Сета нивна храна, како и оружјето било оставено таму, а огништата биле сè уште топли. Освен тоа, во селото немало ниту едно животно. Теориите на заговор велат дека се работи за вонземјани, но никогаш со сигурност не се дознало што се случило со тие луѓе.



Триаголникот Бриџватер

Овој триаголник кој се наоѓа во близина на Масачусетс е место каде редовно се јавуваат разни паранормални појави. Голем број на луѓе кои го посетиле местото пријавувале разни мистерии – од вонземјани до Bigfoot и птицата Thunderbird, која потсетува на големиот птеродактил, но е изумрена пред повеќе од илјадници години. Во 1976. година, еден човек пријавил дека див пес со црвени очи заклал два коња кои паселе на ливадата.



Бенингтонскиот триаголник

На ова место во Вермонт се забележани мистериозни исчезнувања од 1945. до 1950. година. Првиот случај бил во студената 1945. година, кога Миди Риверс водел група на ловци на лов. Во еден момент, тој се одвоил од групата и никој никогаш повеќе не го видел. Една година подоцна, на 1 декември исчезнала и 18-годишната Паула Веден, а точно три години по нејзиното исчезнување, исчезнал и Џејмс Тетфорд, кој се враќал од посета кај роднините со автобус. Очевидци го виделе на автобуската станица, меѓутоа кога автобусот пристигнал на дестинацијата, тој не се појавил, а багажот сè уште му бил во автобусот.



Триаголникот Мичиген

Уште еден триаголник, овојпат лоциран во средината на езерото Мичиген. Ова е подрачје за кое се тврди дека има слични карактеристики како и Бермудскиот триаголник, бидејќи го обележуваат многу исчезнувања на бродови, авион, па дури е забележано и НЛО.



Погледнете го видеото:



No comments

Powered by Blogger.