„Плус сајз“ убавицата ги шокираше фановите со фотографија од минатото: „Јадев само по 500 калории дневно“

пишува: точка

„Плус сајз“ манекенката ги трогнала своите фанови со објавата на нејзина фотографија од почетокот на нејзината кариера. На неа, манекенката е загрижувачки слаба, а признала дека тогаш се изгладнувала за да биде што послаба. Јадела само по 500 калории дневно, односно само една четвртина од потребните калории за еден возрасен човек.

Лиза Голден – Бојвани во описот на фотографијата која ја објавила, напишала и текст во кој објаснила како се стремела да биде што послаба. Кога поради глад почнала да ја губи свеста, одлучила дека мора нешто да промени.



Таа раскажала и дека фотографијата настанала на врвот од нејзината кариера како модел, на првата голема недела на модата во Њујорк. Лиза постојано била гладна и копнеела за храна. За магазините кажувала дека омилено јадење и` е пилешка шницла со компири, а во реалноста јадела само 20 парчиња боранија сварени на пареа.



Таа одлучила да почне понормално да се храни бидејќи и понатаму ќе биде слаба, но не толку многу. Но, и еден сантиметар повеќе околу половината значел дека потешко ќе најде работа.



„Ме повлекуваа од ревиите затоа што не им одговарав со тие пропорции“, раскажала Лиза која останала без работа кога стигнала до конфекциски број 36. Долго време јадувала затоа што не можела да ја издржи ригорозната диета и да остане преслаба. Животот и` се променил кога со пријателите од Њу Џерси отишла во Индија. Таму сфатила дека не мора да се бори против своето тело, дека може да биде среќна и сита.



„Престанав да се форсирам и само го слушав моето тело. И така, полека дојдов во мојата вистинска форма“, вели Лиза.

Сега таа јаде што и да посака и вежба пет дена во неделата, но само поради себе и задоволството, а не за да ослабе.



„Можеби не сум создадена за тоа да бидам на насловните страници на магазините и да снимам за најголемите брендови, но тука сум со причина. Заслужувам да бидам среќна и да се чувствувам исполнето. И сега така се чувствувам“, заклучила таа.

No comments

Powered by Blogger.