Не плаќала данок, но си купила долна облека за 500 евра


Предметот „Тифани“ што го објави денеска Специјалното јавно обвинителство се однесува на физичко лице како сопственик и управител на „Смарт центар ДООЕЛ експорт импорт Скопје“ и агенцијата „Смарт“.

Осомничената за 2008 -2014 со намера таа и правните лиц да одбегнат плаќање даноци и давала лажни податоци за фактите кои се однесуваат за пресметување данок.

Нејзините фирми одбегнале да платат даночни обврски во износ од 37.634 евра, а осомничената одбегнала да плати даночни обврски во износ од 16.924 евра.

Таа за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1.009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично.

No comments

Powered by Blogger.