Хорор: Битолчанец излегол од дома на 5 минути, а кога се вратил ја нашол сопругата мртва, облеана во крв

Сопругот осомничен за убиството на жената! Осомничениот со повеќе удари со тапи тврди средства – дрвени сукала ја удирал по главата оштетената нанесувајќи и повеќе повреди, од што настапил смртен исход, информираат од обвинителството.

Починатата Е.Д. (47) била пронајдена од нејзиниот сопруг И.Д. (53), кој пријавил во полиција. Тој изјавил дека вчера во 9 и 50 часот ја пронашол својата сопруга како лежи мртва во семејниот дом облеана со крв во горниот дел од телото.

Како што кажува, тој во периодот од 9:35 до 9:40 часот излегол од станот и го заклучил однадвор. Заминал во гаражата, а кога се вратил влезната врата била отворена и кога влегол во станот ја затекнал сопругата мртва.

Жената во својата рака држела парче дрво, а другиот дел од дрвото се наоѓал веднаш покрај нејзината глава. Наводно во станот се наоѓала и нивната четиригодишна ќеркичка.

Oсновното јавно обвинителство – Битола до судијата на претходната постапка при Основен суд – Битола достави Предлог за определување на мерка – притвор против едно лице за сторено кривично дело Убиство од чл.123 ст.2 т.2 од Кривичниот законик.

Предлогот е доставен поради постоење на основано сомнение дека осомничениот на 13.03.2017 година, поради претходно нарушените меѓусебни односи, во дневната соба од заедничкиот дом со вршење на семејно насилство ја лишил од живот оштетената – неговата сопруга Е.М.Д. од Битола. Осомничениот со повеќе удари со тапи тврди средства – дрвени сукала ја удирал по главата оштетената нанесувајќи и' повеќе повреди, од што настапил смртен исход, информираат од обвинителството.



Од полицијата велат дека извршиле увид од екипа на СВР-Битола и телото на починатата сопруга е предадено на обдукција.

Пишува: Точка

No comments

Powered by Blogger.