Следните 48 часа ќе го променат светот: Ништо нема да биде како порано

Пишува: Точка

Наредните денови светот може драстично да се промени.
Почнува "Брегзит", избори во Холандија, Америка пред банкрот, а сето ова ќе влијае на промената на светот каков што го познавме до сега.

За "Брегзит" се зборува уште од јуни 2016-тата година, но досега не почнал. Постои само волјата на народот, изразена на референдум: Официјално барање за излегување од ЕУ, според член 50 од Лисабонскиот договор, не е поднесен. Меѓутоа, процесот почнува. Вчера парламентот на Велика Британија усвоил закон за "Брегзит", според кој Владата може да го започне излегувањето од Унијата. Кога кралицата на Велика Британија, Елизабета Втора, ќе го одобри законот, премиерката Тереза Меј ќе може да поднесе барање до Советот на ЕУ. Повеќето експерти прогнозираат дека Меј ќе ги започне официјалните преговори за излегување кон крајот на март, пишува германски Die Welt.




Нестабилна Холандија

Со Холандија започнува годината на избори во Европа. Резултатот ќе ги одреди наредните седмици и месеци. Неодамна актуелниот премиер Марк Руте бил во мала предност во однос на десничарот Герт Вилдерс и неговата Слободарска партија, која имала корист од отворениот конфликт со Турција. Дури и ако Вилдерс победи како што се очекува, а не успее да оформи влада, во ЕУ се плашат од домино ефект. Идејата Марин ле Пен да стане претседателка на Франција помалку ќе ги плаши луѓето.

Проклетството со американските државни резерви

Утре вечер Џенет Јелен, претседателка на Државните резерви ќе направи нешто што нема да му се допадне на светот: Ќе ја зголеми каматната стапка. Пропратен материјал на светската економија се евтините пари. Ако најважната централна банка на светот ја крене цената на најважната валута на светот, не се исклучени индиректни ефекти.


Финансискиот пазар ова го нарекува проклетство на Федералните резерви на САД, сеќавајќи се како пред светскиот крах на берзата се зголемувале каматите. 1974-та, 1987-ма, 2000-та или 2008-та, кога Федералните резерви ги кревале каматите, порано или подоцна, се случувале интензивни распродажби. Денес ризикот е посебно голем. Пред се, американскиот пазар по финансиската криза секогаш се соочувал со раст на цените. Инвеститорите се тешат со илузии. Индексот на страв "Викс" се приближува до својот повеќегодишен максимум.




Ова може да ги оневозможи политичките планови на претседателот Доналд Трамп, кој во значаен степен се засноваат на бумот на хартиите на вредност. Програмата за стимулација на економијата со билион долари, со кој во главно треба да се финансира подигање на кредит, може да биде реализиран само со помош на евтини пари.

Забрана за задолжување во Америка

Од четврток Трамп повеќе нема да може да се задолжува. Во среда истекува важен рок. На сила ќе стапи официјална должничка граница, која во овој момент изнесува 18 билиони долари, а дефицитот ќе изнесува речиси 30 билиони долари. Потсетуваме, воведувањето на должничката граница било одложено во октомври 2015-тата за март 2017-тата година. 


Од четврток американскиот трезор нема да може повеќе да продава нови хартии од вредност, па власта ќе мора да се задоволи со тековните доходи.

No comments

Powered by Blogger.