Бразилскиот претседател и неговата 43 години помлада сопруга побегнале од резиденцијата - причината ја шокирала целата држава



Бразилскиот претседател Мичел Темер, со семејството одлучил да ја напушти својата луксузна резиденција во Бразил, "поради лошите вибрации и духови", пишуваат бразилските медиуми.

Со помладата сопруга, 33-годишната Марсела и 7-годишниот син, претседателот од раскошната вила која ја изградил славниот бразилски архитект Оскар Ниемејер, ќе се пресели во помала резиденција.


На преселбата се одлучиле бидејќи се чувствувале непријатно.


"Почувствував нешто необично. Не спијам добро во таа палата од првиот ден. Енергијата е многу лоша", рекол Темер за списанието "Веја".


"Но и Марсела почувствувала слични лоши вибрации, па се запрашавме: Има ли тука духови? Само на нашиот син Мишелзињо не му пречи ништо, и многу сака да трча од еден до друг крај на палатата", рекол претседателот.


Весникот Globo пишува дека Марсела Темер во резиденцијата неодамна довела и свештеник за да ги истера злобните духови од вилата, но ни тоа не помогнало.


Семејството Темер се сели во елегантната палата Јабуру, во која живеело додека ја вршел функцијата потпретседател.

No comments

Powered by Blogger.