Најсимпатичната холивудска русокоса наполнила 41 година, а изгледа како да им е сестра на нејзините деца


Симпатичната Риз Витерспун сите ја паметиме по нејзината улога во филмот „Legally Blonde”, а таа и сега изгледа како времето да запрело. Вчера наполнила 41 година и на Инстаграм објавила слика со своите деца, а следбениците биле шокирани од нивната сличност.

Овој посебен ден Риз го поминала во друштвото на нејзините деца, тинејџерите Ава (17) и Дикон (14), а фановите забележале дека Риз повеќе изгледа како да им е сестра, отколку мајка.



„Се колнам дека помислив оти Ава е Риз! Изгледаат како близначки!“, „Сестра или ќерка? Прекрасни сте“, биле само некои од коментарите на фановите кои биле шокирани од тоа колку децата личат на Риз.



Риз го запознала сопругот Рајан Филипе на прославата на својот 21-ви роденден во далечната 1997 година, а две години подоцна се венчале. Нивната љубовна приказна често се земаше како пример дека вистинската љубов во Холивуд сепак е можна, па објавата на нивниот развод во 2006 година беше вистински шок.



Сепак, и покрај разводот, парот останал во пријателски односи поради децата, а во 2010 година Риз го запознала сегашниот сопруг, ловецот на таленти Џим Тот. Осум месеци подоцна, парот се свршил, а во 2012 година пристигнал синот Тенеси Џејмс, како круна на љубовта.




Риз Витерспун има глумено во многу холивудски хитови, а моментално ја гледаме во серијата "Big Little Lies" на HBO која е вистински хит, а го следи животот на три жени кои се борат со секојдневните семејни проблеми.

No comments

Powered by Blogger.