Русите не можат да постигнат: Сите сакаат да го купат С-400 Триумф

Напиша: Точка

Русија иако е далеку зад САД, сепак соборува сопствени рекорди кога станува збор за извозот на оружје и воена техника, па така Москва не може да ги испорача сите нарачки кои ги добива од останатите земји.

„Кога станува збор за комплексните системи како што е С-400 Триумф, се направи ред на чекање, а нашите компании не можат со таа брзина да постигнат да ги произведат и испорачаат сите нарачки“, изјави помошникот на претседателот на Русија за воено-техничка соработка, Владимир Кожин.

Кожин нагласи дека додека „останатите чекаат во ред“, Министерството за одбрана на Русија нема да ги испорачува системите С-400 се додека целосно не бидат задоволени потребите на руската војска. Исклучок е само Кина затоа што со Пекинг веќе бил постигнат договор.

Москва само минатата година извезе оружје во вредност од 15 милијарди долари и се наоѓа на второто место по испорака на воена техника во странство, веднаш зад Соединетите Американски Држави.

„Врз основа на минатогодишните резултати, Русија самоуверено го задржа второто место во светот по обемот на извоз на воена опрема, а сето тоа минатата година надмина 15 милијарди долари“, изјави Владимир Путин на седницата на руската Комисија за воена и техничка соработка со странските партнери.

Стокхолмшкиот меѓународен институт за мировни истражувања "Sipri" објави извештај дека минатата година САД и Русија заедно извезле повеќе од половина од вкупно увезеното оружје. Покрај нив, во петте држави со најголем извоз на оружје се Кина, Франција и Германија.
Најголеми американски клиенти се Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Турција, додека Русите најмногу оружје извезуваат во Индија, Виетнам и Кина. Инаку, најголем увозник на оружје во светот е Индија со 13% учество во глобалниот увоз.

Во извештајот е констатирано дека продажбата на оружје на глобално ниво во изминатите пет години го достигнало највисокото ниво од крајот на Студената војна. Аналитичарите сметаат дека растот на тензиите во светот и се поголемиот број на вооружени судири придонесуваат за растот на побарувачката на оружје и воена техника.
Кога станува збор за рускиот извоз на оружје, иако во најголема мера е сконцентриран во Азија, сепак за Русите се важни и пазарите на Блискиот исток, Северна Афика и Латинска Америка. Интересно е тоа што еден од најголемите увозници на американско оружје, Турција, во последно време се интересира за купување на токму С-400 системот.

„Имам впечаток дека моментално има голема побарувачка за руските против-воздушни системи, од С-400 до преносните системи како што се „Верба“ и „Игла“. Досега добро се продаваа и подморниците „Проект 636“. На пример, во последните неколку години за нив посебно се заинтересирани Алжир и Виетнам. Ловците Су-30 исто така добро се продаваат, иако се скапи. Сепак, „бестселери“ се ПВО системите“, изјави за „Спутник“, Константин Макијенко, заменик директорот на Центарот за анализа на стратегија и технологија.

No comments

Powered by Blogger.