Шест моќни Руси мистериозно умреле за само 4 месеци: Реакцијата на Путин е најчудна


Некои се убиени, додека причините за смртта на другите не се познати. Причините на неколку смртни случаи се означени како "срцев удар" или "смрт по кратка болест".
Шест руски дипломати умреле од ноември минатата година, а светската јавност веќе почнала да објавува разни теории на заговор, наведувајќи дека смртните случаи не се случајни.

Сите освен еден умреле во странство. Некои биле убиени, додека причините за смртта на другите не се познати. Причините за неколку смртни случаи се означени како "срцев удар" или "смрт по кратка болест", пишува axios.com.

Ова се фактите кои ги следат смртните случаи на руските дипломати.

Највпечатлив случај е убиството на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, кој бил убиен од полициски службеник за безбедност на фото-изложба во Анкара на 19. декември.


Истиот ден, друг дипломат, Петр Полшиков, бил убиен во својот стан во Москва. Пиштолот бил пронајден под лавабото во бањата, но околностите за смртта се под истрага. Полшиков во тоа време служел како висок службеник во латиноамериканското одделение во руското Министерство за надворешни работи.



Амбасадорот на Русија во ОН, Виталиј Чуркин, умрел на 20. февруари во Њујорк. Чуркин бил итно префрлен во болница од неговата канцеларија во руската мисија на ОН. Првите извештаи покажале дека доживеал срцев удар, а патолозите и натаму ја истражуваат неговата смрт.


Амбасадорот на Русија во Индија, Александар Кадакин, умрел по кратка болест на 27. јануари, а тамошната полиција соопштила дека боледувал неколку недели.


Рускиот конзул во Атина, Андреј Маланин, бил пронајден мртов во својот стан на 9. јануари, а грчките полициски службеници рекле дека "нема докази за провала". Меѓутоа, Маланин живеел во многу добро обезбедена улица. Причината за смртта и натаму се истражува. Меланин инаку служел во времето на ублажување на односите меѓу Грција и Русија, во време кога Грција била критикувана од ЕУ и НАТО.



Утрото пред изборите во САД, рускиот дипломат Сергеј Кривов бил пронајден без свест во рускиот конзулат во Њујорк и умрел на самото место. Првите извештаи покажале дека Кривов паднал од кров, но руските службеници рекле дека умрел од срцев удар. Кривов ја вршел должноста конзуларен командант, што значи дека бил задолжен за превенција на саботажа и шпионажа.



Шефот на КГБ, Олег Еровинкин, кој е осомничен за помагање при досието Трамп, бил пронајден мртов на задното седиште од својот автомобил на 26. декември. Еровинкин бил помошник на поранешниот заменик премиер Игор Сечин, кој сега ја предводи државната нафтена компанија "Росњефт".



Во ноември 2015. година, високиот советник на Владимир Путин, Михаил Лесин, инаку основач на медиумската куќа "Russia Today", бил пронајден мртов во хотелска соба во Вашингтон. Руските медиуми навеле дека умрел од срцев удар, но форензичките наоди покажале дека умрел од "тапи повреди".

Покрај овие за многумина сомнителни смртни случаи на руски дипломати, изминатата деценија се случиле уште два смртни случаи, со повеќе или помалку јасни мотиви.

Првиот случај е од 2006. година, кога поранешниот офицер на КГБ Александар Литвињенко бил отруен со радиоактивен полониум, а вториот кој се случил шест години подоцна, кога Александар Переплични умрел од труење за време на трчање во Англија.

Последните денови светската јавност ги рекапитулира смртните случаи на руските службеници и дипломати, а многу експерти се прашуваат зошто рускиот претседател Путин не реагира адекватно на смртта на своите дипломати, пишува Independent, пренесува Telegraf.rs.

No comments

Powered by Blogger.