Што треба да знаете за новата Нокиа 3310?



При претставувањето на новата генерација на популарната Нокиа 3310, беа издвоени трите најважни работи во врска со телефонот.

Јасно е дека продажните бројки на новата генерација нема да бидат ниту приближно исти како „оригиналот“, но сепак според многумина, ова е генијален ПР потег на HMD Global, компанија која што ги откупи правата за Нокиа брендот и со новиот 3310 порача дека Нокиа и натаму е жива.

Сепак, овој телефон може да ги привлече носталгичарите, а главна карактеристика ќе биде моќната батерија.



Покај тоа, Нокиа 3310 доаѓа со камера од 2 мегапиксели од која што секако не треба да се очекуваат чуда, екран со дијагонала од скромни 2,4 инчи и резолуција од 240х320 пиксели, а на телефонот може да се сурфа со интернет со 2G брзина. Телефонот ја има популарната игра „Змија“, а на европскиот пазар ќе чини 49 евра.

Според податоците на HMD Global, ако телефонот се користи во stand-by мод, батеријата ќе трае цел месец, а исто така телефонот може да „издржи“ 22 часа разговор.

Ќе биде интересно да се види дали Нокиа 3310 ќе бележи голема побарувачка на пазарот, а на Wired велат дека најголема продажба може да има на празарите во развој каков што е афричкиот пазар каде што кон средината на минатата година беше намалена продажбата на паметни телефони, а продажбата на „обични“ телефони скокна за 30 проценти.

No comments

Powered by Blogger.