Путин на Арктикот: Војската да го чува нашиот дел, вреден е 30,000 милијарди долари

Пишува: Точка

Претседателот на Русија, Владимир Путин побара од Министерството за одбрана на Русија и Федералната служба за безбедност да ги заштитат националните интереси на Русија на Арктикот.

„Министерството за одбрана, Федералната служба за безбедност и нејзините гранични единици, треба да ги реализираат своите планови за обезбедување на националните интереси во поглед на одбранбените способности на земјата, но и за заштита на нашите интереси на Арктикот и нормално функционирање на Северниот морски пат“, изјави Путин на состанокот посветен на развојот на рускиот Арктик.

„Природните извори, кои се најважниот дел од економијата на Русија, се наоѓаат во овој регион“, оцени Путин и додаде дека вредноста на суровините на Арктикот се проценува на 30 илјади милијарди долари.




Рускиот претседател исто така нагласи дека е неопходно целосно да се искористат можностите за меѓународна соработка на Арктикот.

„Многу е голем интересот за работа со нас и секако тоа треба да се зајакне со реални заеднички проекти“, изјави Путин и додаде: „Би ја замолил самата Влада на Русија да го забрза завршувањето на новото издание на државната програма за социјално-економски развој на арктичкиот регион“.

Рускиот претседател порачал дека е потребно да се обезбедат нови пристапи „за развој на јавно-приватното партнерство во реализацијата на големите инфраструктурни проекти, вклучувајќи го и развојот на континенталниот праг и зголемување на конкурентноста на Северниот морски пат“.


Според зборовите на Владимир Путин, Русија е подготвена за заеднички развој на Арктикот со странските партнери.

„Ние сме отворени за широка соработка со другите држави за реализација на големите обострано корисни проекти - од развој на природните ресурси и развој на глобалните транспортни коридори до наука и екологија“, порача рускиот претседател.

No comments

Powered by Blogger.