Машки часовници: 3 најдобри трендови за оваа година

Пишува: Точка



Машките часовници се огромен тренд веќе со години. Овој акцесоар ќе го надополни Вашиот стил и ќе Ве направи да изгледате поатрактивно и модерно.

Доколку сте љубител на рачните часовници, еве кои трендови се најпопуларни оваа година кога е во прашање омилениот машки додаток.

Елегантни часовници

Она кое секогаш останува во мода, без разлика на трендовите е класиката и елеганцијата во стилот. Едноставните модели со кожни нараквици и минималистички стил е најдобар избор кога сакате да облечете одело или друга деловна комбинација. Ваквиот часовник одговара и на свечени комбинации, но и на оние полежерните.



Кул и кежуал часовници

Доколку сте личност која постојано ги следи модните трендови, но ги прилагодува на својот сензибилитет и стил, тогаш урбаните модели на часовници се вистинскиот избор за Вас. Големите часовници со воочливи детали се одлични во дневна комбинација за ручек со пријателите или кафе со партнерката.



Тренди часовници

Во оваа категорија, сè повеќе гледаме модели на часовници кои досега не сме ги виделе, како што се рачните часовници изработени од дрво или од друг интересен материјал. Овие модели одлично го пратат секој аутфит, без разлика дали е класичен или атрактивен истиот.


No comments

Powered by Blogger.