Останал без бензин, па тргнал кон шумата: Исповед на човекот кој после 27 години се врати од дивината

Кристофер Најт имал само 20 години кога тргнал на возење со својот автомобил, кое ќе го прогонува до крајот на животот.
Ова младо момче се возело во североисточниот дел на САД се додека не останало без бензин. Кога автомобилот застанал, тој тргнал кон шумата. Од шумата излегол 27 години подоцна. 

Луѓето бегаат во дивината поради три причини - омразата кон денешното општество, љубов кон природата или религиозни причини. Изненадувачки, Најт не се вклопува во ниту една категорија. 

Неговата агонија почнала кога вградувал аларми во предградието на Бостон. Од непознати причини одлучил да даде отказ. Всушност, не ни дал отказ, едноставно си заминал. Дури не го вратил ни алатот. Ја подигнал последната плата, седнал во автомобилот и тргнал во непознат правец. 

Најт не му кажал буквално на никој каде е и што прави. 

"Причината е едноставна. Немав на кој да му кажам. Немав пријатели, а со половина од колегите не ни сакав да се дружам", вели. Седнал зад воланот и започнал да вози. Јадел брза храна, спиел во евтини мотели и само го набљудувал животот како поминува покрај него. Кога стигнал на Флорида, Најт свртел и тргнал кон север.



"Уживав. Уште од порано имав сфатено дека најдобро се чувствувам кога сум сам. Интеракцијата со другите луѓе ме фрустрираше, секој состанок ми беше ноќна мора"..

Со себе носел само шатор и вреќа, никаква мапа или компас. Се разбира, овој факт и не го загрижувал премногу, Кристофер храбро зачекорил во шумата и навлегол директно во дивината.

"Eдинствената цел ми беше да се изгубам. Не ме прашувајте зошто бидејќи не го знам одговорот. Не размислував, немав никакви планови, едноставно одев напред", вели тој.


Бескрајните шуми и ридови за него не претставувале проблем. Колку што напредувал подлабоко во шумата, толку подобро се чувствувал. 

"Се изгубив, но не се загрижив воопшто. Имав намера да поставам камп, да останам тука недела дена па по ова да продолжам понатаму. Север, југ.. не ми беше важно. Само да се движам."

Но една важна работа му претставувала голем проблем - храната. 

"Постојано бев гладен и немав никаква идеја како да се нахранам. Немав никава опрема за лов. Од време на време ќе наидев на шумски плодови, но ретко."


Неговата агонија траела се додека не наишол на една населба полна со колиби во срцето на шумата кои луѓето ги користеле како викендички. "Никој тука не обрнуваше внимание на безбедност бидејќи - кој би провалил во шумата? Вратата не беше заклучена, прозорците отворени. Во секој случај ова беше најдобриот поклон." Одлучил да влезе и да украде храна за да преживее. Ги ограбил речиси сите викендички во просторот од околу 50 километри - се проценува дека провалил во повеќе од 100 куќички.


Локалните жители ја пријавиле кражбата во полиција, но полицијата била немоќна да го пронајде виновникот. 

"Се беше толку чисто што почнавме да се сомневаме дека луѓето си измислуваат и ни зборуваат глупости. Немаше буквално никакви траги на грабеж, неговата дисциплина била неверојатна", изјавил еден полициски службеник.

Полицијата конечно му ставила крај на дивеењето на Најт после полни 27 години. Го фатиле како краде од еден летен камп во близина на езерото и го обвиниле за кражбите.

No comments

Powered by Blogger.