Најбизарниот инцидент во историјата на руската авијација: МиГ-23 летал 900 километри без пилот, па убил човек...


Овој инцидент започнал како еден обичен, рутински тренинг, кога полковникот и пилот Николај Скуридин полетал од советската база Багиц во Полска.
Набрзо после полетувањето, моторот на авионот од непознати причини започнал да ја губи силата, а се претпоставува дека целосно ја загубил силата на висина од 150 метри, поради што пилотот бил приморан да се катапултира, пред да се сруши авионот.

Меѓутоа, моторот не престанал целосно да работи, па авионот продолжил да лета во правец на запад.


Авионот МиГ-23 набрзо го напуштило воздушниот простор на Полска, како и Источна и Западна Германија, а потоа бил пресретнат од американски борбен авион од типот Ф-15 кој што бил стациониран во база во Холандија.

Со оглед на тоа што авионот го поминал и холандскиот воздушен простор, пилотот на американскиот Ф-15 пријавил во базата дека дефинитивно нема пилот во советскиот авион по што добил наредба да го собори кога ќе биде на територијата над Северното море.


Но, авионот во меѓувреме останал без гориво по што направил благо завртување кон север. Французите веќе ги подготвувале своите ловци во случај авионот да навлезе во францускиот воздушен простор.

Меѓутоа, после помнати цели 900 километри, авионот МиГ-23 се срушил врз една куќа во Белгија и притоа убил 18-годишно момче. Тогашниот Советски Сојуз се согласи да исплати 685 илјади долари обесштетување на Белгија, а полковниот Николај Скуридин изрази сочувство на семејството на загинатиот во овој крајно бизарен инцидент.

No comments

Powered by Blogger.