Село од 2.000 луѓе мистериозно исчезнало без трага: Како земјата да ги проголтала луѓето, животните и мртвите

Пишува: Точка

На хоризонтот виделе интензивна, сина, пулсирачка светлина. После неколку моменти, таа избледела и повеќе не се појавила.

Во ноември 1930 година покрај езерото Анјикуни во Канада постоело село со 2.000 луѓе. Џо Лабеле знаел за постоењето на тоа село, па се упатил во него за да пронајде засолниште, бидејќи и претходно одел таму и луѓето биле гостопримливи. Кога стигнал до местото, бил шокиран од фактот дека целото село исчезнало, иако таму се` уште биле нивните оружја и храната, а огништата уште биле топли, пренесува Mysteriousfacts.com.



Морничава тишина се спуштила над селото и тoј бил шокиран кога сфатил дека таму е буквално сам. Облеката на жителите се` уште била на место, а чорба се крчкала на шпоретот. Санките биле расфрлани наоколу.

Каде и да отишле луѓето, сигурно се упатиле пеш, заклучил тој. Џо кружел околу целото место, но не пронашол ниту една трага во снегот.

Освен тоа, во селото немало ниту едно животно. Отишол во локалната пошта и испратил телеграма до Канадската кралса коњичка полиција. Тие веднаш испратиле неколку офицери за да го истражат случајот. Полицијата открила нешто навистина морничаво – локалните гробишта биле осквернавени. Секој труп бил ископан, така што не исчезнале само живите луѓе, туку и мртвите, пренесува Shieldsgazette.com. понатамошната истрага покажала дека кучињата биле закопани под снегот и дека умреле од глад.



На хоризонтот виделе интензивна, сина, пулсирачка светлина. После неколку моменти, таа избледела и повеќе не се појавила.

Теоретичарите на заговор веруваат дека исчезнувањето на селото може да се поврзе со вонземјани, напад на демони или вампири, дека луѓето биле префрлени во друга димензија, но никој не може да знае што навистина се случило со тие луѓе, кои никогаш не се вратиле.



На сајтот на канадската полиција може да се прочита дека оваа приказна не е вистинита. Тие тврделе дека американскиот автор Франк Едвардс ја измислил приказната и дека таа станала популарен дел од новинарството и дека нема доказикои ја потврдуваат оваа приказна.

Репортерот Емет Келехер рекол дека објавил извештај за оваа мистерија во декември 1930 година во весникот „Ла Пас“, Манитоба.

Тука може да се види дека полицијата не спровела веднаш истрага за случајот. Полицаецот кој вршел увид разговарал со човек кој живеел на неколку километри од тоа село и кој рекол дека никогаш не слушнал за селото и неговото исчезнување.



Тешко е да се поверува дека луѓето туку така ја напуштиле удобноста и безбедноста на своите домови и заминале без облека, храна, оружје и без животните. Не биле пронајдени никакви знаци на борба, па останува мистерија што навистина им се случило на овие луѓе (ако приказната е вистинита).

No comments

Powered by Blogger.