Актерската екипа од „Принцот од Бел Ер“ се собрала после 20 години – Еве како изгледаат денес

Пишува: Точка

Од крајот на емитувањето на серијата „Принцот од Бел Ер“ поминаа повеќе од 20 години. И иако е јасно дека серијата никогаш повеќе нема повторно да се снима (и покрај барањето на многу фанови), актерската екипа повторно се собрала барем на едно попладне, а тоа го одбележале со фотографија која молскавично се прошири на социјалните мрежи.

Иако фотографијата веднаш стана хит, многумина ги потсети на починатиот Џејмс Ејвори, популарниот чичко Фил, кој почина во 2013 година од компликација на операција на отворено срце.


Заедничката фотографија ја објавил Алфонсо Рибеиро, кој го глумеше роднината на Вил, Карлтон, а во описот на истата напишал дека „Секогаш е убаво дружењето со семејството од „Принцот од Бел Ер“ и додал дека би сакал и Џејмс Ејвори да е со нив.

Освен него, на фотографијата се и Татјана Али (Ешли Бенкс), Керин Парсонс (Хилари Бенкс), Вил Смит (Вил Смит), Дафне Максвел Рид (Тетка Вив) и Џозеф Марсел (Џефри).



Вил Смит неодамна го исполнил сонот кој го посакувал 20 години. Имено, тој извел банџи џампинг на Викториините Водопади, а снимката ја објавил на интернет каде што обожавателите ја дочекале со воодушевување.



No comments

Powered by Blogger.