Американски сенатори закрвени: "Не ја сакаш Црна Гора во НАТО? Работиш за Путин! Ти си луд"2


Пишува: Точка

Американските сенатори, републиканците Џон МекКејн и Ранд Пол, размениле остри зборови поради приемот на Црна Гора во НАТО.

МекКејн за Пол рекол дека работи за рускиот претседател Владимир Путин, на што тој либертаријански пратеник му одговорил дека е "пореметен".

Спорот почнал вчера кога МекКејн во Сенатот барал со консензус да се усвои договорот за влез на Црна Гора во НАТО, но Пол се спротивставил.

МекКејн претходно рекол дека секој што ќе се спротивстави "ги извршува желбите и амбициите" на Путин, по што Пол рекол дека САД веќе доволно се ангажирани во премногу земји, пренесува порталот Hill.


Тој кажал дека не е паметно да се зголемуваат финансиските и воени обврски на САД, со оглед на постоечкиот американски долг од 20.000 милијарди долари.

МекКејн рекол дека Пол нема оправдување за противењето за тоа "мала држава, која е под руска закана, да биде дел од НАТО".

"Сенаторот од Кентаки сега работи за Владимир Путин", рекол МекКејн вчера во Сенатот.


Пол одговорил дека случајот со 80-годишниот МекКејн претставува многу добар пример за причините за ограничување на мандатот во Сенатот.

"Мислам дека можеби го мина своето најдобро време, можеби е малку пореметен", рекол Пол.


Тој рекол дека треба да се размисли дали е во интерес на САД да се обврзува да влезе во војна поради Црна Гора ако таа се скара со некој.

"Втора работа е тоа што, кога ќе го прашате народот на Црна Гора, само околу 4 проценти тоа го сакаат. Но, некого да наречете непријател на државата или предавник, повеќето разумни луѓе би сметале дека е премногу", рекол Пол.

No comments

Powered by Blogger.