Тинејџер ја коригирал НАСА: 17-годишното момче открило грешка во Меѓународната вселенска станица!

Пишува; Точка

Британскиот тинејџер се досадувал па открил и ја коригирал грешката во податоците на Меѓународната вселенска станица.

Мајлс Соломон, 17-годишниот студент од Шефилд кој учествувал во проектот на Институтот за училишни истражувања, на табелата со податоци за радијацијата која ја направила Меѓународната вселенска станица (MSS) забележал нешто необично.



Во најниското ниво на отчитување, била снимена негативна количина на радијација. Бидејќи да се воочи негативна количина на енергија не е мала работа, Соломон сфатил дека нешто не е во ред.

Тој ја контактирал НАСА и им го соопштил своето откритие. Тие му се заблагодариле, но му кажале и дека веќе знаат за тоа. Меѓутоа, научниците мислеле дека аномалијата се појавува на секои неколку години, но информацијата на Соломон укажала дека оваа противречност се повторува повеќе пати на ден.



Откритието на студентот можеби не било револуционарно, но забележувањето на ваква аномалија е мал, но значаен дел од нашето постоење во универзумот.

No comments

Powered by Blogger.