Невиден хаос и пукање во Лондон: Со автомобил прегазил 12 лица, удрил во ограда и тргнал со нож кон парламентот

Пишува: Точка

Човек со нож се обидел да помине низ портите на парламентот, но пукале во него и го спречиле.

Престрелките се слушале пред Парламентот на Велика Британија во Вестминистер во Лондон. Најмалку 12 лица се повредени.

Човекот со нож се обидел да помине низ портите на парламентот, но го спречиле во ова откако пукале во него. Во оваа прилика успеал да рани полицаец и викал пред да биде соборен.

16:33 - Британската премиерка Тереза Меј е на сигурна локација.

16:30 - Според неофицијални информации, терористот бил опишан како средовечен човек со потекло од Блискиот Исток.

16:23 - Фотографот на Reuters ги фотографирал луѓето како лежат на мостот во локви крв.

16:21 - Неколку минути по инцидентот, хеликоптер за итни случаи принудно слетал во платата во Вестминистер.

16:19 - Потврдено е дека еден полицаец бил избоден со нож.

16:15 - Сведоците опишале како виделе автомобил кој удира во оградата на мостот кај Вестминистер, удирајќи пешаци, пред возачот да тргне кон полициските службеници кои го чуваат парламентот.

16:10 - Според британскиот Телеграф, две лица лежеле пред парламентот, поточно во неговиот двор.


A car on Westminster Bridge has just mowed down at least 5 people.

16:05 - Вестминистерската палата е затворена, а полицијата ја блокирала целата област.

No comments

Powered by Blogger.