Рокфелер се богателе на сметка на сиромашните! 10 причини зошто сите го мразат најбогатото семејство

Пишува: Точка

Тие беа и останаа едно од најбогатите и најмоќните семејства во светската историја, но нивното потекло е многу мрачно.

Рокфелер биле толку омразени во раните 1900-ти години, што морале да вработат повеќе стражари и обезбедување во домовите. Како што пишуваше еден весник: "Дополнителната претпазливост е мудар потег. Рокфелер има многу причини зошто треба да се плаши од убијци. Тоа се природни последици од бизнис политиката на г-дин Рокфелер..."



Луѓето имале доволно причини да ги мразат Рокфелер. Ги нарекувале крадци, убијци на жени и деца, манипулатори и лажговци.

10. Бескрупулозното збогатување

Рокфелер не се збогатиле правејќи добро. Всушност, тие се криминалци кои ги искористуваат предностите на секоја можност за да крадат од другите. Како што пишуваше во весниците во 1911-та година, оригиналните сопственици на железницата самошто завршиле со поставувањето на шини. Тие сакале да градат терминали, но им фалеле финансии. Па тука на сцената настапува Гејтс, човекот кој управувал со добротворните донации на Рокфелер. Гејтс тогаш им објаснил на сопствениците дека Џон Рокфелер ја следел изградбата на нивната железница и дека ќе им позајми пари.

Луѓето го прифатиле заемот од 420.000 долари. Два месеци подоцна, Рокфелер глумел дека мораат да му ги вратат парите веднаш поради некој "финансиски срам".

9. Вработените и нивното исплаќање

Џон Рокфелер немал многу високо мислење за луѓето кои работеле за него. Негов близок соработник во 1913-та година јавно изјавил дека не верува во концептот на минимална плата и дека секое момче или девојче, секој маж или жена, заработуваат точно колку што вредат.

8. Масакар во Лудлов

Годината 1914, рударите започнале да штрајкуваат. Рудниците биле опасни, платата никаква, а што е уште полошо, добивале бонови кои можеле да ги потрошат само во продавниците на Рокфелер. Кога тие започнале да штрајкуваат, младиот Рокфелер испратил вооружени мажи да го саботираат штрајкот. Единаесет дечиња, две жени и неколку мажи изгореле во шаторите кои биле запалени од страна на Рокфелер.



7. Жените и децата во страв

По тој масакар, сите жени и деца меѓу вработените на Рокфелер живееле во целoсен страв. Дон Мекгрегор напишал дека децата бегале од него бидејќи бил странец (непознат). Возрасните знаеле дека тој е на нивната страна, но децата не. Децата ги слушале приказните за Лудлов.

6. Објавување на лажни вести

По масакарот во Лудлов, на Рокфелер им биле потребни и добри вести. Поради тоа започнале сопствен весник и се здружиле со Херст, моќен новинарски издавач, за да објавуваат само добри работи за себе и опасно да лажат за противниците.

5. Ги чувале рударите во сиромаштија

Во 1915-та година, Џон Рокфелер помладиот одлучил да посети еден русник со цел да покаже дека и тој е обичен смртник. Посетата била тотална пропаст.


Покрај тоа што се уморил уште првите пет минути од "рударење", тој морал и да поспие во рудникот, на рударите не им се допаднал па го игнорирале.

4. Мешање во образованието

Џон Рокфелер трошел огромни суми на високо образование со цел да го смири јавното мислење. Преку неговата фондација ги финансирал образовните институции и тоа исклучиво оние со конзервативен предзнак. Најголем идеолошки пријател му биле неговите идеи за синдикатите и организацијата на трудот.

3. Не ја финансирал војната

Во екот на Втората светска војна, сојузничките сили се обидувале да го финансираат бруталниот конфликт. И додека практично сите богати ги нуделе своите пари или одбивале да земат плата, Рокфелер одбивал да им даде заем и на Русите и на Британците.


2. Даночно затајување

Во 1916-та година, уште за време на Првата светска војна, Рокфелер со својата фондација собрал 100 милиони долари. Од тогаш заработувал шест милиони долари годишно на кои не плаќал никаков данок. И додека фондацијата би требало да финансира само добротворни организации, на негова сметка стигале премногу обвиненија дека тој трошел огромна сума на пари за свои цели.



1. Проблемите со чесниот човек

Конгресот на САД побарал Рокфелер да објасни зошто постојано ја зголемува цената на горивото. На него "му дошло преку глава" и изјавил дека само понудата и побарувачката ја диктираат цената.

На Американците горивото им било апсолутно неопходно па биле подготвени да ја платат цената која Рокфелер ќе ја постави.

No comments

Powered by Blogger.