Убавина и пропаст: Вака живеат 1% од најбогатите луѓе на светот3


Не е тајна дека 1% од најбогатите луѓе на светот поседуваат 50% од глобалното богатство, а остатокот од светот ги дели останатите 50%

Директорите на компании во Америка заработуваат 350 пати повеќе од просечен вработен, а во 2015-та година, 25% од најдобро платените менаџери на хеџ фондовите заработиле вкупно 13 милијарди долари, односно 500 милиони евра по лице.

"Сакам да се поттикне дискусијата за економската правда, нашите приоритети, вредностите во општеството. Дали ги славиме вистинските херои? Дали чесно и праведно ги третираме луѓето? Ова се само некои од прашањата за кои луѓето ќе размислуваат после увидот во животите на супер-богатите", изјавил организаторот на изложбата, Мајлс Литл, за Business Insider. Литл дошол до идејата да организира изложба додека бил на одмор во Оахака (Мексико), каде што разговарал со своите колеги за фотографија, богатство и нееднаквоста. Тој одлучил да направи избор на фотографии кои ги содржат овие теми.

Варвара во домашното кино

Фотографијата под наслов "Варвара во домашното кино" претставува обид да се одговори на прашањето како растат привилегираните деца во Русија. Авторот на фотографијата, Ана Складман, ја опишала како "пеперутка која се обидува да избега".
Луксузот над Сингапур

"Сакав да направам изложба составена од убави, вредни предмети", вели Литл. На оваа фотографија, човек плива во базен на хотелот Marina Bay Sands, на 57-ми спрат, а зад него се гледа панорама на сингапурската финансиска област.
Немоќните ги слават моќните

"Во Америка честопати имам шанса да видам како немоќните ги слават моќните", раскажува Литл. "Не сакам да го критикувам човекот на фотографијата, тоа што ме привлече е метафората, пошироката идеја".
Холивуд, Калифорнија

"Холивуд, Калифорнија" е фотографија од книгата посветена на култните предели на американскиот запад. Оваа фотографија го привлекла Литл поради тоа што одблизу го прикажува симоболот на неверојатна финансиска и културна моќ, на малку по мирен начин, или, едноставно, на начин кој не е толку гламурозен.
Харвард - само за привилегирани

Фотографијата од училница на Универзитетот Харвард е објавена со намера да укаже на проблематичниот образовен систем. "Мислам дека е многу важно да се зборува за јазот во образованието", вели Литл. "Тоа зависи од тоа каде живеете и од кој слој на општеството доаѓате. Можеби е вистина дека најдобрите факултети се во Америка, но истовремено, има многу образовни институции кои не се висококвалитетни, а сепак им наплаќаат на студентите огромна школарина."


Проектор

Фотографијата "Проектор" е земена од книгата која ги анализира новоизградените коцкарници и воени објекти во соседните општини кои пропаѓаат (Вендовер во Јута и Вест Вендовер во Невада). "Ми се допаѓа таа неопислива атрактивност кон светкавите објекти, која е сепак илузија - тоа е таван, а не врата. Тоа е крај, не почеток."




Рајот денес

Литл се погрижил да не избира само типични фотографии на богатство, какви што можеме да сретнеме во магазините и низ холивудските филмови. Фотографиите од серијата "Рајот денес" ја прикажува вештачки осветлената природа во околните големи градови во Азија. "Сакав само да ја покажам необичната, манична, економска зависност", изјавил Литл.


Вол Стрит, извини

Уличен проповедник во Њујорк на Вол Стрит моли за прошка. Според мислењето на Литл, ова е една од "култните фотографии од светот на финансиите во Америка".


Дијаманти во Танзанија

"Оваа фотографија настанала во рудникот за дијаманти во танзанија. Серијата на фотографии се на фотографот Дејвид Чанселор, кој сведочи за осиромашеното локално население кое живее во близина на рудникот, се качува по карпи и камења во потрага по остатоци од дијамантска прашина или каменче", вели Литл. "Ме фасцинира таа совршена обединетост во една фотографија на високиот луксуз, еколошките последици од рударската активност и насилството на моќниците кое доаѓа до израз кога нивните привилегии ќе се доведат во прашање."


Крајслер 300

Во прилог на прекрасната палета на бои и текстури на "Крајслер 300", Литл го гледа овој модел како можност да ја прикаже автоматизацијата и како таа влијае врз средната класа. "Важно е да се разговара за проблемите со кои се соочува средната класа и сметам дека автоматизацијата е составен дел од оваа дискусија. Произведуваме чудесна технологија, на пример, овие роботи, но тоа не значи дека тоа е добро за нас во секој поглед. Тоа не значи отворање на нови работни места, туку затворање на веќе постоечките."
Неопислива декаденција

Литл бирал дела кои зборуваат со ист јазик како богаташите. "Изложбата зборува за затвореност, за привилегии, па и ја сго користам јазикот на привилегираните и богатите да ги критикувам пивилегираните и богатите", вели тој. Покрај неописливата декаденција, Литл го привлекол и фактот дека оваа опера во Монте Карло се наоѓа во коцкарница, место на "висок ризик и огромни количини на пари."
Убавина и пропаст

"Тоа што ми се допаѓа на оваа фотографија е тоа што таа толку силно го илустрира допирот на богатството и сиромаштијата, убавина и пропаст", вели Литл.



No comments

Powered by Blogger.