Xiaomi Redmi Note 4X доаѓа за денот на вљубените

Xiaomi на 14 февруари кој се смета за меѓународен ден на вљубените ќе го претстави новиот смартфон Redmi Note 4X со доста прифатлива цена од околу 200 долари. Според досегашните информации Redmi Note 4X ќе располага со солиден хардвер кој опфаќа осум-јадрен Helio X20 процесор, избор на 2 или 4 GB RAM, 32 или 64 GB меморија, 13 мегапикселна камера и одлична батерија со капацитет од 4100 mAh.

Xiaomi Redmi Note 4X ќе има екран со големина од 5.5 инчи со Full HD резолуција, како и скенер за отпечатоци монтиран на задната страна.

No comments

Powered by Blogger.