Потрага по милијарда корисници: Пристигнува Windows 10 Cloud


Последната верзија на Windows од „облакот“ ќе биде наменета пред се корисниците со „помали барања“.

Кога Microsoft го претстави Windows 10 оперативниот систем, откриен беше и планот според кој гигантот од Редмонд има намера неговата последна верзија од оперативниот систем во преспектива да ја користат - милијарда луѓе.

Еден од начините секако е и производство на поевтин оперативен систем кој што ќе го користат корисниците на кои што не им се потребни некои напредни функции, како на пример, образовните институции.

Таквата верзија ќе се инсталира и користи во „облак“, па затоа го добива и називот Windows 10 Cloud. Дека не станува збор за обично нагаѓања, може да се заклучи од „скриншотовите“ кои се појавија на неколку блогови, меѓу другото и тука.


Со наведените фотографии, набрзо стана достапна стана достапна и ISO датотека со инсталација на Windows 10 Cloud која што некои корисници веќе ја пробаа и велат дека се посебно воодушевени.

Разликата во однос на класичниот Windows 10 оперативен систем е во тоа што нема опција за инсталирање на програми и апликации кои што не се достапни на Windows Store. На тој начин, Microsoft ќе понуди своја затворена платформа, но се претпоставува дека истата ќе се продава по далеку поевтина цена од класичниот Windows 10 оперативен систем.

Од Microsoft засега не коментираа ништо околу Windows 10 Cloud, па затоа се уште не се знае кога оперативниот систем во „облак“ ќе биде достапен, ниту пак по која цена ќе се продава.

No comments

Powered by Blogger.