Толку многу личат, дури и застрашувачки: Селена и “The Weeknd” изгледаат како нејзините родители


Многу коментатори на Инстаграм забележале дека освен во фризурите и модните комбинации, нема премногу разлики помеѓу овие два пара. Симпатичната споредба станала вирален хит.

Некои луѓе сметаат дека девојките избираат партнер кој личи на нивниот татко, а 24-годишната Селена Гомез е жив доказ за тоа.

Имено, еден обожавател "ископал" фотографија од родителите на Селена, и ја споредил со фотографија од пејачката и нејзиното момче, 26-годишниот "The Weeknd".



Многу коментатори на Инстаграм забележале дека освен во фризурите и модните комбинации, нема премногу разлики помеѓу овие два пара.



Симпатичната споредба на фотографијата од Ричард Жоел Гомез и Аманда Дан Корнет од 90-тите, со онаа од Селена и нејзиното ново момче, ги обиколила социјалните мрежи и станала вирален хит.



Иако папараците ги "фатиле" на романтичен одмор во Фиренца, Селена и Weeknd тогаш не ја потврдиле својата врска. Пејачката неодамна одлучила да "го скрши мразот", и објавила снимка од своето ново момче.

No comments

Powered by Blogger.