Може ли да стане милионер поради бизарна грешка? За разводот го обвинува Uber и бара обесштетување од 45 милиони долари!


Благодарение на информациите од апликацијата на Uber, една жена сфатила дека нејзиниот сопруг ја изневерува, а тој смета дека за разводот всушност е виновен - Uber.

Во Франција неодамна е поднесена тужба против компанијата Uber, затоа што еден Французин верува дека Uber е виновен за распадот на неговиот брак, односно неговата сопруга го оставила токму поради информациите кои што ги добила по грешка од апликацијата на Uber.

Тој се логирал на својата корисничка сметка на Uber од телефонот на неговата сопруга, а иако потоа се одјавил, сепак од Uber и натаму испраќале известувања на телефонот на неговата сопруга кога тој ги користел неговите услуги.


Врз основа на информациите кои што ги добивала сопругата, таа сфатила каде всушност оди нејзиниот сопруг и заклучила дека ја изневерува, па се развела од него.

Со оглед на тоа што до тие информации дошла благодарение на пропустот на апликацијата на Uber, односно била нарушена неговата приватност, Французинот сега поднел тужба до Uber и бара обесштетување од вртоглави 45 милиони долари.

Засега од Uber нема никакви информации за овој случај, односно портпаролот на компанијата порача дека Uber никогаш не ги коментира индивидуалните случаи, а посебно не оние кои што се поврзани со брачни разводи.


Што се однесува до пропустот на Uber, тоа не е никаква новост, затоа што и во минатото бројни корисници се пожалија од истиот пропуст. Наводно, пропустот бил направен само кај апликацијата која што работи на iOS платформата, додека пак со Android апликацијата немало никакви слични проблеми.

No comments

Powered by Blogger.