Со помош на Tesla запрел автомобил чиј возач доживеал инфаркт!


Возач на Tesla S од Германија успеал да ја намали брзината, а потоа и безбедно да запре Volkswagen Passat кој неконтролирано се движел по автопатот.

Херојскиот подвиг на 41-годишниот возач на Tesla му го спасил животот на возачот на Passat, кога се онесвестил при срцев удар на автопат во Минхен.



Возачот на Tesla S забележал дека другиот автомобил се движи неконтролирано, а кога се приближил, сфатил дека возачот е онесвестен. Тој веднаш кренал во акција на спасување – ја зголемил брзината и го престигнал автомобилот, а потоа полека почнал да ја намалува брзината сè додека Volkswagen-от не се потпрел со предниот браник на неговиот заден браник од автомобилот.



Тој продолжил со кочење, по што двата автомобили застанале во крајната лева лента на автопатот. Набрзо, пристигнала и екипата на брзата помош, која го извлекла 47-годишниот возал и му пружила медицинска помош.




Штом јавноста дозна за овој херој, првиот човек на Tesla – Илон Маск, се огласи на Twitter. Тој го пофали потегот на овој возач и најави дека компанијата бесплатно ќе ја поправи штетата која е настаната при ваквата храбра и паметна одлука.

No comments

Powered by Blogger.