Новиот руски Sukhoi наспрема американскиот Raptor: Еве кој го владее небото

Во моментов најдобар воен авион е американскиот F-22 Raptor.. Сепак, рускиот воен авион од петтата генерација Sukhoi PAK FA можебиот ќе го надмине својот американски ривал.


Постојат две сериони конкуренти на F-22 Raptor: кинескиот воен авион од петта генерација Chengdu J-20 и рускиот Sukhoi PAK FA.



Новиот воен авион на Русија веројатно е најсериозната конкуренција до сега.

Американските аналитичари сметаат дека неговиот концепт е многу сличен на Raptor и дека е оптимизиран да биде брз, лесно да ги менува движењата и "невидлив".



Што се однесува до мобилноста, овие два авиони се најверојатно на исто квалитативен ниво особено сега откако новите мотори на Sukhoi ќе бидат дополнително унапредени кога ќе дојде до масовно производство.



Двата авиони се движат побрзо од брзината на звукот.

Сепак, додека Raptor е најверојатно подобар што се однесува на невидливоста, новиот Sukhoi е подобар за маневрирање.

No comments

Powered by Blogger.