Пристигнува Porsche 911 Turbo со 809 КС!

Екипата на Gemballa се охрабри да го модифицира моќниот Porsche 911 Turbo и резултатот е прилично импресивен.
И „обичниот“ Porsche 911 Turbo е и повеќе од добра „играчка“ за сите оние кои што можат да си го дозволат и се фанатици по брзината и луксузот, но екипата на Gemballa го претстави модифицираниот Porsche 911 Turbo.

Наречен е Avalanche, веројатно поради ефектот кој го остава зад себе кога вози низ патиштата.


Овој модифициран Porsche 911 Turbo под хаубата има ѕвер од 809 коњски сили и достигнува максимална брзина од 320 километри на час, а од 0 до 100 километри на час забрзува за само три секунди.

Секако, овој автомобил пристигнува и со преработка на дизајнот, а неговото претставување ќе биде на Саемот за автомобили во Женева, Швајцарија кој ќе се одржува следниот месец. Покрај Porsche 911 Turbo, ќе биде претставена уште една преработка - Gemballa GTR 780 Evo-R.

No comments

Powered by Blogger.