Женска верзија на “Ocean's Eleven”: Прва фотографија од актерската постава за филмот “Ocean's Eight”

И официјално, објавена е првата фотографија од актерската постава за филмот “Ocean's Eight”. Се работи за продолжение на популарната филмска трилогија, но овојпат во главните улоги се само жени!

Во филмот ќе може да ги видиме Сандра Булок како Деби Оушн, која наводно би требало да биде сестрата на Дени (Џорџ Клуни), Кејт Бланшет како Лу, Ријана како Нина Бел, Мајнди Калинг како Амита, Оквафина како Констанс, Хелена Бонам Картер како Роуз, Ен Хатавеј како Дафне и Сара Полсон како Тами. Во филмот ќе имаме можност да ги видиме и Мет Дејмон, Демијан Луис и Џејмс Корден.

Но, невозможно е да им се израдуваме на ваквите нешта после дебаклот наречен “Ghostbusters” од минатата година. Иако секогаш вреди да се верува во чуда и да постои надеж дека на филмот ќе му се пријде малку посериозно и како краен резултат ќе се пласира нешто што има смисла.



Феминистки, нема потреба од лутење, всушност, проблем овојпат воопшто не е женската постава, туку токму лошиот пристап кон филмот и дискутабилната режија.



Женската верзија на “Ocean's Eight” започна да се снима уште во месец октомври минатата година, а премиерата е закажана за месец јуни, 2018-та година. А засега е познато и дека дел од филмското дејствие ќе се одвива за време на Мет Гала вечерта во Њујорк, па токму затоа на големото платно ќе ги видиме, помеѓу останатите, и Ана Винтур, Александар Ванг, Ким Кардашијан, Кендал Џенер, Кејти Холмс, Оливија Мун и Хејли Болдвин.

Како режисер на најновото продолжение се потпишува Гери Рос, а продуценти се Џорџ Клуни и Стивен Содерберг, којшто пак го продуцираше и “Ocean's Eleven”.



Ние навистина искрено се надеваме дека “Ocean's Eight” ќе биде добар!

No comments

Powered by Blogger.