Mercedes “ги чести” своите работници со по 5.400 евра!


Токму толку изнесува годишниот бонус којшто германскиот производител ќе им го исплати на вработените после успешната 2016-та година.

Mercedes изминатата 2016-та година ја заврши со 2.083.888 испорачани возила, што покрај растот од 11.3 отсто, претставува најдобар продажен резултат во историјата на овој светски познат бренд.

А за еден ваков успех секако во голема мера се заслужни и сите работници во германскиот авто-гигант, па токму затоа, околу 130.000 вработени заедно со априлската плата ќе добијат и бонус којшто оваа година ќе изнесува 5.400 евра.



Сепак, сумата којашто Mercedes овојпат ќе им ја исплати на работниците врз основа на остварениот профит за изминатата година е нешто помала од исплатената во 2016-та година, кога вработените беа наградени со по 5.650 евра.

Тоа значи дека иако во 2016-та година биле продадени повеќе автомобили во споредба со 2015-та година, оперативниот профит бил помал, па оттука е и понискиот годишен бонус.



Инаку, најпродаван модел под логото на Mercedes за 2016-та година е повторно C-Class, со 425.000 испораки ширум целиот свет.

No comments

Powered by Blogger.