Lenovo Yoga Book – исклучителен таблет за креативци во движење


Еден од уредите, коj минатата година привлече најмногу внимание на саемот IFA е хибридниот Lenovo Yoga Book.

Идејата на овој гаџет е спој на лаптоп, таблет, бележник и платно за цртање, кој нуди многу, согледувајќи го неговото тенко куќиште.


Леново го претстави Yoga Book-от во две изданија – едното работи на оперативниот систем Android, а другото на Windows, така што корисниците имаат слобода да изберат варијанта која повеќе би им одговарала.

Овој уред доаѓа со специјално пенкало, кое овозможува пишување на хартија или на активната површина од лаптопот, со тоа што делот за тастатура се претвора во работна плоча, осетлива на допир.


Елеганција пред сè

Досега не сме виделе лаптоп од серијата Yoga кој не ни се допаѓал, па така ни малиот Yoga Book не е исклучок. Минимализам е вистинскиот збор кој го бараме.

Склопениот Yoga Book потсетува на книга со тврди, необични корици во стилот на Lenovo Watchband шарките. Непотребните елементи се максимално избегнати, што придонесува за едноставноста на изгледот. Рамната површина на тастатурата и дискретните контури на тастерот кои светат се одличен детаљ во целокупниот изглед.



Екранот е 10,1-инчен IPS екран, со солидно осветлување и доволно висока резолуција за сите корисници - 1920x1200 пиксели, што е малку претерано за мал екран. Сликата е одлична: прецизни бои и острина, а бидејќи екранот е осетлив на допир, Yoga Book добива додатна функционалност како пренослив уред.

Halo тастатурата, како што Lenovo ja нарече, претставува најголем новитет кај овој уред. Површината осетлива на допир поседува Gorilla Glass заштита со матирана завршница, со која се добива одличен спој на дизајн и функционалност. Таблата за цртање нуди 2048 нивоа на притисок.

Најголемата слабост на овој уред е токму тастатурата. Левиот и десниот тастер, наместо долу, се наоѓаат на левата и десна страна од touchpad-от, што може да делува збунувачки.



Yoga Book, покрај microUSB портовите, поседува и microHDMI, 3,5 mm аудио порт, слот за nanoSIM i microSD картици. Системот е составен од четиријадрен Intel Atom x5 процесор, со 4 GB системска меморија и 64 GB интерен простор за складирање на податоци, што донекаде ја ограничува неговата мултимедијална употреба.

Од друга страна, тука е microSD слотот, со кој ефективно можете да ја зголемите меморијата. Батеријата е со капацитет од 8500mAh, која од зависност од оптеретувањето, може да обезбеди помеѓу 6 и 13 часа работа. Освен тоа, Lenovo Yoga Book може да се пофали со квалитетни Dolby Atmos® стерео звучници, кои демонстрираат одличен звук.



За секој ден

Lenovo Yoga Book тежи 690 грама, што дозволува да го носите со себе, без да Ви претставува товар. Можете да го користите како таблет, лаптоп, бележник или блок за цртање. Пишувајте на хартија или графичка табла - детекцијата на потезите и притисокот ќе ги задоволи и најскептичните корисници, со што можеме да кажеме дека уметниците најмногу ќе се радуваат на овој уред.



Единствен проблем, како што напоменавме, е Halo тастатурата, која претставува ограничувачки фактор доколку имате потреба да пишувате подолг текст, но ќе се навикнете по неколку дена нејзино користење.

Lenovo Yoga Book е шампион во својата категорија, за кои другите брендови не се спремни!

No comments

Powered by Blogger.