Потврдено: iPhone 8 доаѓа сo iris скенер!


Постојано кружат гласини за карактеристиките и дизајнот на новиот iPhone 8/ iPhone X. Се зборува дека уредот ќе доаѓа со безжично полнење и сосема нов концепт на 3D Touch, кој веќе постои на iPhone 6S и iPhone 7. Покрај сите овие спецификации, новиот смартфон ќе доаѓа и со iris скенер.

Концепт за можниот изглед на iPhone 8


Благодарение на новододадената функција, ќе може да го отклучувате вашиот телефон со прст или со око. Претходно сме забележале ваква карактеристика кај некои смартфони, како Microsoft Lumia 950/950 XL и Galaxy Note 7 и доколку Apple ја воведе во својот нов телефон, дефинитивно ќе се потруди тоа да биде подобро и побрзо од веќепостоечките уреди.

Бидејќи станува збор за уред кој ја одбележува десетгодишнината од постоењето на iPhone, Apple се труди да го направи најдобриот уред досега. Ние сме возбудени, а вие?

No comments

Powered by Blogger.