Instagram ќе овозможи објава на фото албуми со повеќе слики

Во бета верзијата на Instagram за Android откриена е нова опција која на корисниците ќе им овозможи да креираат фото албум со десетина слики кои ќе се постават одеднаш и притоа ќе може да се уредуваат со различните филтри на располагање.

Досега албуми во вистинската смисла на зборот не беа достапни на Instagram освен можноста да се креираат колажи од слики преку Layout дополнителната функција. Наскоро фото албумите треба да бидат глобално достапни за сите корисници на Instagram.

No comments

Powered by Blogger.