Протекла последната фотографија од братот на Ким Јонг Ун: Еве што рекол пред смртта


Малезиската полиција соопштила дека уапсила Севернокореец поради сомнение дека е соучесник во убиството на полубратот на севернокрејскиот лидер Ким Јонг Ун, додека дипломатскиот спор од околу предавањето на неговото тело се засилува.
Ким Јонг Нам починал по напад на меѓународниоит аеродром во Куала Лумпур. Се верува дека бил отруен со отров со брзо дејство. Објавно било дека последние зборови на Ким Јонг Нам биле: "Боли, многу боли! Ме испрскаа со течност".



Јужнокорејските и американските службеници изјавиле дека бил убиен од севернокорејски агенти.




Малезиската полиција соопштиле дека последното апсење поврзано со тоа убиство се случило во петокот навечер, а осомничениот е идентификуван како Ри Џон Чол.

"Осомничен е дека е вмешан во убиството на Јонг Нам", стои во соопштението.



Двете осомничени жени, една со индонезиски и една со виетнамски пасош, биле уапсени пред тоа, а притворен бил Малезиец. Во бегство се уште најмалку три лица, навеле извори на властите.



Warta Indonesia Berita Hari Ini
Berikut adalah rekaman CCTV dan Reka adegan pembunuhan Kim Jong Nam.

News... http://youtu.be/04vR524OGsE?a 



Ким Јонг Нам, најстариот син на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил, јавно ја критикувал династијата поради контролата која ја спроведува во Северна Кореја. Оваа држава соопштила дека нема да ги признае резултатите од обдукцијата, и ја обвинила Малезија за заговор со надворешни сили, веројатно мислејќи на Јужна Кореја.

No comments

Powered by Blogger.