Радијацијата била толку силна што „убила" робот: Прекината е мисијата во Фукушима

Мисијата за чистење на реакторот во јапонската нуклеарна централа Фукушима е прекината откако радијацијата го расипала роботот.

Експертите „заглавија“ во Фукушима - мисијата со помош на роботот на далечинско управување морала да биде прекината затоа што експертите се плашеле дека целосно ќе ја загубат контролата на истражувањето под влијанието на неочекувано, превисоката радијација.

Роботот опремен со пумпи за вода под висок притисок и опремен со камери дизајнирани да издржат и во најекстремните услови, веднаш бил извлечен од неактивниот реактор во нуклеарната централа Фукушима. Уредот наводно се расипал наводно само после два часа.
Неуспехот довел до тоа сега експертите да направат нова проценка на нивото на радијација во внатрешноста на оштетениот реактор.

Како што пренесуваат јапонските медиуми, овој случај, односно расипувањето на роботот не оставил никакви сомнежи за тоа дека радиоактивното зрачење во реакторот и натаму е на рекордно ниво.

No comments

Powered by Blogger.