Google ќе ве направи мајстори во кујната


Мобилната апликација за интернет пребарување на Google доби нови и унапредени функции со кои ќе добиете многу подобри резултати за рецептите кои сакате да ги подготвите во кујната.

Со Google Search освен основниот рецепт ќе добиете и повеќе предлози како да ги подготвите состојките, како да го спремите јадењето, а ќе добиете и алтернативни варијанти и методи на готвење.

Доколку сакате да готвите сега многу лесно ќе може да добиете бројни совети и сугестии само преку основната мобилна апликација на Google Search без да отварате дополнителни страници или апликации.

No comments

Powered by Blogger.