Турската војска пред голем триумф во Сирија: Со Русите е договорено сè1


Турските безбедносни сили заедно со про-турските милитанти полека, но сигурно го заземаат сирискиот град Ал Баб, а извори од руското министерство за одбрана тврдат дека била договорена линија на разграничување.

Иако турската војска доста бавно и внимателно ја изведува офанзивата, настојувајќи своите загуби да ги сведе на минимум, Исламската држава во Ал Баб полека но сигурно веќе го губи своето влијание и е пред пораз.

Турските безбедносни сили и про-турските милтанти значајно пробиле во градот, освоиле неколку клучни точки и фарми и полека напредуваат од север. Градот е речиси отсечен, освен во источниот правец кон Кабасин и Бзах, населени места кои и натаму се под контрола на ИСИС.

За тоа време, сириската војска од јужен правец исто така е во офанзива и настојува да го заземе Тадеф со голема помош од руското воено воздухопловство. Сириската војска досега ги има заземено и селата Ал-Мансура и Ал-Џахиш, источно од воената база Квеиреш.

Од друга страна, турската војска зазела кружен тек кон Тадефи со тоа практично го отсекле приодот на сириската војска кон Ал Баб од југ. Извори од руското министерство откриле дека веќе била договорена и линија на разграничување, откако Ал Баб и оклината конечно бидат исчистени од борците на Калифатот.

Привремената граница би била поставена долж автопатот, што значи дека тоа би бил и максималниот досега на турската воена интервенција во Сирија. Иако Ердоган најави офанзива на Рака, сепак и во овој случај, турските интереси се остварени, затоа што е елиминирана можноста да се формираат курдски кантони, односно истите да се спојат во близина на турско-сириската граница.



Сепак, не е тајна дека воените амбиции и натаму постојат, пред се тоа се однесува за градот Манбиџ на истокот кој е под контрола на Курдите, но и Африн на западот. Сепак, никој не може се уште да биде сигурен дали Ердоган ќе нареди офанзива на турската војска во тие правци.

Курдите наводно веќе имале утврдени дефанзивни линии и ископани ровови, а се појавуваат информации дека турските сили веќе подолго време со низок интензитет, напаѓаат нивни позиции со артилериски единици во околината на Африн.

Тоа што е сигурно е дека Турција во догледно време нема намера да ги препушти своите освоени подрачја на северот. Планираат да вратат дел од бегалците и истовремено да ги заштитат од одмазда на сириската власт. Во Џараблус веќе локалните жители протестирале затоа што про-турските милитанти забраниле носење на никаб, па сигурно ситуацијата нема да се смири наскоро.

No comments

Powered by Blogger.