Крај на крвопролевањето во Бразил: Војската чисти сè пред себе, криминалците бегаат


Бразилските војници пристигнале во Еспирито Санто за да воспостават ред во малата крајбрежна сојузна држава јужно од Рио Де Жанеиро.

Криминалот е во пораст по штрајкот на полицијата. Од 3. февруари биле убиени 75 лица.


Во таа држава полицијата штрајкува поради неисплатени плати, а криминалците тоа го искористиле за масовни грабежи.



Бразилскиот претседател наредил да се пратат воени трупи, за да се задушат немирите во овој регион.


Вкупно биле пратени 1.000 војници и 200 припадници на националната гарда, а командантот на воената полиција во меѓувреме бил сменет.


Градоначалникот на Виторија во понеделникот ги повикал сојузните трупи да им помогнат бидејќи локалната полиција е во штрајк.


Полицајците штрајкуваат од саботата поради неисплатени плати. Од тогаш бројот на злосторства се дуплирал.

No comments

Powered by Blogger.