Фејсбук ја претстави новата опција “Discover people”


Дали верувате во сигурноста на Интернетот? Колку сте спремни да ги откриете Вашите лични информации на други луѓе, во свет полн со хакери и останати cyber-криминалци?

Фејсбук, изгледа, сè уште слепо верува.

Според извештајот што го носи компанијата TechCrunch, Фејсбук објавува нова функција на својата мобилна апликација, со име “Discover people”.



Таа, во основа, фунцкионира така што корисниците пишуваат лични податоци за себе и скролаат низ листа, во потрага по некој што работи слична работа, заинтересиран е за ист настан или дели некакви други склоности и интереси. Фејсбук напоменува дека листата нема да ги прикажува корисниците кои се веќе дел од Вашата листа на пријатели.
Претпоставуваме дека оваа идеја е одлична за запознавање луѓе и за олеснување на деловните врски, но сепак истата многу потсетува на сајтови за online-dating.



Како што напоменавме и претходно, постојат многу потенцијални опасности од користењето на оваа опција, така што, доколку се одлучите за нејзино користење, бидете внимателни. “Discover people” е предвидена за iOS и корисниците на Android, но Фејсбук нагласува дека истата сè уште не е стигната до комплетните кориснички бази.

No comments

Powered by Blogger.