Daily Mail: Пронајден тестамент на Александар Македонски кој би можел да ја промени историјата


Долго отфрланиот тестамент ги открива плановите на Александар за иднината на неговата империја, со која владеел, каде сакал да биде погребан и кој треба да ги наследни неговото богатство и моќ.

Лондонскиот експерт Дејвид Грант тврди дека последните желби и тестаментот на Александар Македонски ги пронашол во древен текст, кој со векови ни бил пред очите, но досега бил сметан за фикција.

Доказите за неговите последни желби биле најдени во древниот ракопис познат како "Александрида" или "Роман за Александар", кој ги опишува освојувањата на Александар, пишува Daily Mail. Најверојатно собрани во текот на 100 години по смртта на Александар, приказните содржат непроценливи историски фрагменти за освојувачките походи на Александар во Персиското царство.

Историчарите долго верувале дека последното поглавје на "Александрида" е политички памфлет кој ја содржи последната волја на Александар, но сè досега сметале дека е измислено.


Сеопфатното истражување на Дејвид Грант, меѓутоа, наведува на заклучок дека тестаментот е заснован на оригинален текст, кој бил изменет од политички причини.

Во книгата "Потрага по изгубениот тестамент на Александар Македонски" Грант изнесува уверување дека најмоќните генерали на Александар го сокриле неговиот оригинален тестамент, бидејќи за наследници ги одредил својот нероден син Александар IV, кој бил полу-азиец, и постариот син Херакле.


Генералите не сакале да се помират со тоа власта да им припадне на нив, па меѓусебно се бореле за власт во текот на граѓанската војна позната како "Војни за наследство".

По смртта на Александар, уверен е Грант, оригиналниот тестамент во тајност бил изменет и по налог на еден генерал бил делен во облик на летоци, како "доказ" дека тој е легитимен наследник.


Доколку е Грант во право, тоа би значело поништување на 2.000 години академски студии за оваа тема.

„Пропагандата и политичкиот призвук на флаерот фрла сериозна сомнеж на автентичноста на тестаментот, кој во некој момент влегол во книгата на приказни наречена „Роман за Александар Велики“, вели Грант додавајќи дека потоа тестаментот бил осуден да постане бајка.

„Меѓутоа моите истражувања ме доведоа до неверојатен заклучок дека тој е изменет, но дека е заснован на оригиналниот тестамент на Александар Велики“.

Криењето на тестаментот, како и тврдењата дека Александар на смртната постела не давал никакви упатства, или дека ги охрабрил генералите да се борат за власт над империјата, им дале легитимитет на нивните постапки, насилството и сојузите во годините по неговата смрт.

No comments

Powered by Blogger.