Кајли Миног победи во судската битка против Кајли Џенер!

Колку вреди името Кајли? Судејќи според прашината што се крена околу судската битка на Кајли Миног и Кајли Џенер, нивното име вреди милиони!

Точно пред една година, Кајли Џенер отишла во Министерството за Патенти и Заштитни Знаци на САД и се обидела да стави заштитен знак на своето име со цел да забрани негова комерцијална употреба од било кој друг. Само што, на малата Џенер не ѝ текнало дека светот не почнал со неа, и веќе има една Кајли која го освои светот уште пред првава да се роди!



Погодувате, се работи за Кајли Миног! Адвокатите на Миног веднаш реагирале пред судските власти, со пораката дека ваквиот заштитен знак ќе предизвика забуна кај милионските обожаватели на пејачката со "второстепената личност од реално шоу".

Освен тоа, Кајли Миног веќе ги поседува правата на различните варијации од нејзиното име, и тоа уште од 1996 година, повторно, пред Џенер воопшто да биде родена!



Битката заврши така што барањата на Кајли Џенер беа експресно одбиени, а судот пресуди во полза на Кајли Миног. Според магазинот People, Кајли Џенер планира да поднесе жалба против ваквата одлука, така што оваа битка не е завршена. За кого навивате?

No comments

Powered by Blogger.