Пилотот залутал: Воен хеликоптер направил хаос на автопат во Казахстан

Воениот хеликоптер "MI-8" слетал на автопат во Казахстан и блокирал конвој камиони. Не станувало збор ниту за вежба, ниту за било каква опасност, туку, како што откриле шокираните возачи на автопатот - за недостиг на ориентација.


Имено, по слетувањето на хеликоптерот, еден од членовите на екипажот излегол за да праша за дирекции до најблискиот град.


"Што прави овој на сред пат?", се слуша гласот на еден од возачите. По минута-две роторите сопреле и од хеликоптерот излегол војник.



Тој дошол до првиот шофер и со силни гестикулации му објаснувал за што станува збор. Потоа се ракувал со него и се вратил во хеликоптерот вреден 10 милиони долари.


"Дојде да ме праша каде е Актобе", рекол возачот.

Министерството за одбрана на Казахстан издало соопштение во кое е наведено дека ова било "планска вежба за визуелна ориентација" во која од пилотот се барало да се ориентира со помош на луѓе. Вежбата, според соопштението, се покажала како успешна.

No comments

Powered by Blogger.