Пророчкиот говор на Путин: Уште пред десет години предвиде што ќе се случи!


Пред 10 години Владимир Путин одржа говор за безбедносните прашања на конференција во Минхен. Овој говор на рускиот претседател многу аналитичари го нарекоа историски и го споредија со говорот на Винстон Черчил во Фултон, со кој започна Студената Војна.

Тогаш Путин даде дијагноза за светскиот поредок и го означи враќањето на Русија како сила во меѓународната арена.

"Мислам дека Минхенскиот говор беше овозможен, меѓу останатото, поради тоа што до тој момент Русија ги врати сите западни кредити кои Јелцин мораше да ги земе со неверојатно високите камати. Говорот на Путин може да се толкува и вака: - Ви ги вративме сите долгови, сега сме сами свои Господари на нашата судбина. И токму тоа го иритираше Западот кој повеќе нема начин на кој ќе влијае врз Русија. Да се потсетиме, кога Југославија беше бомбардирана, Јелцин залудно удираше со рака на маса и му се закануваше на Клинтон дека ќе го уапси кога мораше да побара од него крeдит за пченица", изјави Љубинка Милинчич, главен и одговорен уредник на "Спутник", чија книга "Зборовите кои го променија светот" - збирка од четири најзначајни говори на рускиот претседател може да се најде во речиси секој киоск.

Путин стана првиот лидер на земјата од распаѓањето на Советскиот СОјуз кој недвосмислено зборуваше за најзначајните прашања од светската политика. Тој жестоко го критикуваше моделот на униполарниот свет, јасно даде до знаење дека нема да им биде "послушен и понизен" на шефовите во Вашингтон и го осуди ширењето на НАТО на Исток и решавањето на конфликти со употреба на сила.



Многумина веруваат дека неговиот "Минхенски говор" е и визионерски. Тој уште тогаш укажа на слабоста на западниот политички систем и нивните вредности.

Путин, во својот "пророчки говор" изјави дека употребата на силите на НАТО со повелбата на Обединетите нации и поттикнување на конфликти на Блискиот Исток предизвикуваат нова трка во нуклеарно наоружување и предупреди дека таквите дејствија можат да доведат до пораст на екстремизам и тероризам.

Неговата изјава предизвика бурни реакции на Запад. После Минхен медиумите од Западот почнаа да поттикнуваат анти-руско расположение, а Путин да го демонизираат. Така започна информациската војна која во последните неколку години ескалираше и се претвори во студена војна со големи размери.

"Минхенскиот говор беше триумфално враќање на Русија на светската политичка сцена. За жал, наместо да се замислат околу зборовите на рускиот претседател, лидерите од Запад започнаа да ја демонизираат Русија и Путин. Уште тогаш да сфатеа дека концептот на униполарен свет е пропаднат и да се започнеше со договори околу реалните светски проблеми, тероризмот денес не би бил волку распространет", вели Милинчич.



САД не ги слушна добро зборовите на Путин, а администрацијата на Обама во изминатите неколку години само ја влоши ситуацијата, мешајќи се во внатрешните прашања на други земји ширум светот. "Достигнувањата" на американската политика во последните децении се бран револуции во Северна Африка, уништување на државноста во Либија, инвазија на Ирак, државен удар и граѓанска војна во Украина, сириската војна и ширењето на тероризам од Блискиот Исток кон целиот свет.

"Во современиот свет, униполарниот систем не само што е неприфатлив туку е и невозможен", изјави Путин и го предвиде создавањето на нови центри за моќ и зајакнување на мултиполарноста.

Новите центри на моќ се Русија, Кина и Индија и сега Западот мора да смета на нив.



Новиот шеф на Белата Куќа, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен "да ја признае Русија како рамноправен партнер".

"Зборовите на Владимир Путин денес многу подобро се разбираат, бидејќи се поддржани со моменталната моќ на Русија", заклучува Љубинка Милинчич.

No comments

Powered by Blogger.