Научниците стравуваат: САД под водство на Трамп ќе стане земја како СССР или Северна Кореја


Кога функционерите без срам зборуваат за „алтернативни факти“, тогаш имаме голем проблем - велат научниците кои што истакнуваат дека САД се претвора во тоталитарна држава како што некогаш бил Советскиот Сојуз, или како што е денес Северна Кореја.

Научниците се плашат дека САД под водство на новиот претседател Доналд Трамп, ќе стане како Советскиот Сојуз, каде што владеачката идеологија била толку сеопфатна и влијателна, така што науката не можела да ѝ противречи ниту кога поседувала најцврсти докази.

На годинешниот состанок на Американскиот сојуз за напредна наука, претседателката на оваа организација, доктор Барбара Шал и доктор Раш Холт, истакнале дека користењето на фразата „алтернативни факти“ со која што се служи Трамп, е прилично застрашувачка работа.

Доктор Шал ја критикува забраната за влез на имигрантите од муслиманските земји која што „ѝ наштетува на виталната комуникација на научниците“, како и изборот на соработниците, затоа што Трамп на клучни места во неговата администрација избрал луѓе кои што ја негираат науката.



Таа вели дека луѓето треба да протестираат против Трамп кој што глобалното затоплување го нарекува измама и истовремено ги предупредува останатите научници во САД, кои според неа ќе направат голема грешка ако се ангажираат политички и со тоа ќе им дадат повод на властите да ја потиснат и задушат науката.

Во една тоталитарна држава, како што некогаш бил Советскиот Сојуз, или како што денес е Северна Кореја, научниците не смеат да се противат на службената идеологија. Доктор Холт вели дека стравува дека САД се движи токму во тој правец.

„Слушнав научници како разговараат дека мора да ги одбранат условите во кои што науката може да напредува и го споменаа примерот на советската агрономија - кога од политички причини научниците добивале податоци и морале да веруваат во работи кои што едноставно не биле точни“.

Секако, најгласни се критиките кон имиграционата политика на новиот американски претседател.



„За науката да може да напредува, мораме да имаме непрекината комуникација преку границите. САД има прекрасна привилегија, кај нас да работат многу, многу научници, а се што би ја ограничило размената на идеи е причина за загриженост“, вели доктор Шал.

Таа лично најмногу е загрижена што администрацијата на Трамп се обидува на некои научници да им забрани објавување на своите истражувања, вклучувајќи ги и оние во Агенцијата за заштита на животната средина. Сепак, тоа не е најморничавата работа.

„Тоа што воопшто може некој да зборува за алтернативните факти е алармантна работа. Одлуките мора да се темелат исклучиво на научните факти“.

No comments

Powered by Blogger.