Трамп ја потапкал раката на јапонскиот премиер, а неговата реакција стана хит на интернет


Американскиот претседател срдечно го пречекал и поздравил јапонскиот премиер Шинзо Абе во Белата куќа, истакнувајќи дека американско – јапонскиот сојуз е клучен за мир и стабилност. Сепак, еден необичен детал ја одбележал средбата на двајцата политичари.

Имено, многу корисници на социјалните мрежи не можеле, а да не го забележат необичниот израз на лицето на јапонскиот премиер непосредно по ракувањето со Доналд Трамп, кога американскиот претседател срдечно го погалил по раката.

Трамп после средбата која се случила во петокот, на заедничка прес – конференција изјавил дека неговата администрација е посветена на зближувањето на двете земји, пренесува Ројтерс.

Трамп додал и дека заедничката американско – јапонска одбрана ќе биде сè посилна и посилна, како и дека САД се посветени на безбедноста на Јапонија.

„Врската помеѓу нашите две нации и пријателството на нашите народи е многу длабокa“, додал тој.

No comments

Powered by Blogger.