Русите објавија страшни снимки: Џихадистите го срамнија со земја Римскиот театар во Палмира


Министерството за одбрана на Русија објави видео снимки од рушевините на историскиот комплекс во древниот сириски град Палмира кој е веќе уништен од џихадистите на Исламската држава.

На видеата кои што ги објавија Русите, може да се види дека џихадистите, за жал го уништиле централниот дел на древниот Римски театар. Целиот комплекс беше од огромно историско значење и се претпоставува дека бил изграден во 270-та година пред новата ера.

„Руските беспилотни летала за време на надбљудувањето на градот и околните подрачја околу Палмира забележа варварско срушување на фасадата на римскиот амфитеатар и тетрапилон - главните знаменитости на овој град“, стои во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Покрај тоа, соопштено е дека руските беспилотни летала кои што патролирале на небото над Палмира, исто така забележале како во древниот град се движат камиони со муниција на Исламската држава.

Тоа веројатно говори дека милитантите доведуваат експлозивни направи за да продолжат со рушењето на старите споменици, пред конечно да се повлечат.

Палмира беше под контрола на Исламската држава, но минатата година сириските војници заедно со своите руски сојузници го ослободија градот од џихадистите. Тогаш беше сочуван поголем дел од античките споменици, а Русите го деминираа целиот историски локалитет и организираа концерт во чест на победата.

Сепак, пред неколку месеци, односно во екот на битката за градот Алепо, сириската армија ги сконцентрира своите сили за ослободување на споменатиот град, па тоа џихадистите го искористија, организираа голема контра-офанзива и повторно ја зазедоа Палмира.



No comments

Powered by Blogger.