Што се случило со Чендлер Бинг? Ѕвездата од „Пријатели“ денес изгледа непрепознатливо


Актерот Метју Пери се прослави со улогата на Чендлер Бинг во мегапопуларната хумористична серија „Пријатели“ чие емитување заврши пред 13 години, а денес изгледа уморно и запуштено.
Сè додека не се нашол во пеколот на зависностите, Метју Пери го живеел актерскиот сон.


Денес, нашиот омилен лик од „Пријатели“, зад себе има долгогодишна борба со алкохолизмот, а во текот на едно радиско интервју признал дека не се сеќава барем на три години од снимањето на популарната серија.


47 – годишниот актер е виден на улиците во Лос Анџелес, каде што го снимиле папараци, а на фотките изгледа многу запуштено и непрепознатливо. Метју неодамна престојувал во Лондон каде што исто така се појавил во малку „неугледно издание“.


Метју Пери два пати се лекувал во клиники за одвикнување, а во една прилика и самиот признал дека многу му е тешко да остане трезен и чист. Сепак, сега тврди дека успеал да ја преброди својата зависност и сега им помага на други луѓе на кои им е потребна помош.



No comments

Powered by Blogger.